Германија најави повеќе пари за буџетот на ЕУ

– Во духот на солидарноста треба да бидеме подготвени, во ограничен временски период, на поразлични давања, што значи повеќе придонеси за буџетот на ЕУ, изјави Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во обраќање пред пратениците во Бундестагот најави повисоки исплати на германски средства во буџетот на Европската унија.

– Во духот на солидарноста треба да бидеме подготвени, во ограничен временски период, на поразлични давања, што значи повеќе придонеси за буџетот на ЕУ, изјави Меркел.

Германија внимателно започна со укинување на мерките за ограничување, дозволувајќи им на трговците чиј простор е помал од 800 квадратни метри повторно да започнат со работа, под услов да водат хигиена и мерки за социјална дистанца.

Според априлската прогноза на Меѓународниот монетарен фонд, германската економија поради пандемијата ќе опадне за 7.0 отсто оваа година, по што следната година треба да се опорави и да бележи раст од 5.2 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот