Германија: Хрват под дејство на коктел од дроги возел автобус полн со луѓе

Фото: Илустрација/Профимедиа

За време на претрес на автобусот службениците пронашле и вреќичка со бел прав. Подоцнежната истрага покажала дека станува збор на мешавина на кокаин, амфетамин и метамфетамин.

Полицијата во Пасау соопшти дека при проверка на патници во автобус со хрватски регистарски ознаки, ноќта на 11 јануари 2020 година, откриле 45-годишен возач под дејство на дрога, јавува „Феникс магазин“.

Граничната полиција го застанала автобусот на бензинската станица Донаутал-Вест.

– За време на прегледот на автобусот, заклучено е дека 45-годишниот возач со хрватско државјанство бил под дејство на дрога. Брзиот тест позитивно реагираше на кокаин и амфетамин – известуваат надлежните.

За време на претрес на автобусот службениците пронашле и вреќичка со бел прав. Подоцнежната истрага покажала дека станува збор на мешавина на кокаин, амфетамин и метамфетамин.

Пронајдената дрога е запленета, а Хрватот ќе одговара за кршење на Законот за наркотици.

Полицијата во своето соопштение не наведе детали за идентитетот на возачот, ниту пак за која агенција возел, како и за тоа кон која локација во Германија ги возел патниците.

Фото: Илустрација/Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот