Германија го зголеми финансискиот праг за студентите од државите надвор од ЕУ
Износот на финансискиот доказ за студентите во Германија ќе се зголеми почнувајќи од септември 2024 година, објави Studying-in-Germany.
Препорачано
Студентите од државите надвор од ЕУ или ЕЕА кои планираат да останат во Германија за нивните студии мораат да докажат пред германските власти дека имаат доволно пари за да се издржуваат за да добијат виза. Овој одреден износ мора да биде депониран во банкарска сметка која се нарекува Блокирана сметка.
Овие пари потоа се заклучуваат и се ослободуваат во месечни рати на сопственикот на сметката, докажувајќи дека студентот има доволно средства за да се издржува за време на престојот во Германија.
Од јануари 2023 година, потребниот износ во блокираната сметка при аплицирање за германска студентска виза беше 11.208 евра (934 евра месечно). Од септември 2024 година, овој износ се очекува да се зголеми на 11.904 евра за 12 месеци, или 992 евра месечно.
Овој услов се базира на стапката на BAföG, програмата за финансиска помош на Германија за студентите. Овој депозит е минималниот износ што мора да го имате во вашата блокирана сметка за да демонстрирате финансиски средства (Finanzierungsnachweis) за студентска виза.
„Новиот финансиски праг веројатно потешко ќе се одрази за студентите од земјите надвор од ЕУ за да студираат во Германија. Некои студенти може да се соочат со потешкотии во исполнувањето на зголемените финансиски барања, што потенцијално може да доведе до намалување на апликациите од овие земји. Сепак, оние кои ќе успеат да го исполнат прагот може да бидат финансиски постабилни и подобро подготвени за трошоците за живот во Германија“, изјави Алма Мифтари, раководител на истражување во Studying-in-Germany.org.
Студентите и лицата кои бараат работа и им е потребна виза за Германија, потребна им е блокирана банкарска сметка. Дури и студентите од земји на кои не им е потребна виза за Германија (како САД, Канада, Јапонија и др.) ќе им биде потребна блокирана банкарска сметка за нивната дозвола за престој.
За оние на кои не им е потребна виза или дозвола за престој за да студираат во Германија (на пр. граѓани на земја членка на ЕУ/ЕЕА), не е потребна блокирана сметка.


