Германците никогаш не возеле постари возила: Возниот парк со просек од 10 години

Според статистиките на ова истражување повеќе од 23,4 отсто од вкупниот број се возила постари од 15 години.

Германците возат се постари возила, покажува истражувањето според кое дури 9,7 отсто од вкупно 47,7 милиони патнички возила се постари од 20 години. Просечната старост на патничките возила на германските патишта е 9,6 години, што пак претставува рекорд кога станува збор за староста на возниот парк во Германија.

Во овој негативен европски просек Германија е веднаш зад Луксембург каде просекот е 6,4 години, Велика Британија осум, Австрија 8,2, Италија 8,4 и Франција просекот изнесува 9 години. На листата се најде и Литванија, каде просечната старост на возилата изнесува 17 години.

Според статистиките на ова истражување повеќе од 23,4 отсто од вкупниот број се возила постари од 15 години.

Експертите од оваа област повикаа на итно политичко делување. Според нив овој број е јасен сигнал кој покажува колку е голема шансата со вистинска програма за поттикнување на економијата да даде силен импулс на германскиот автомобилски пазар, бидејќи само со стимулација побарувачката и во тешки и несигурни услови би можела да се поттикне.

Тие сметаат дека е направена грешка што автомобилите кои користат гориво како погонски енергенс испаднале од програмата за поттикнување, укажувајќи дека со тоа не може ништо да се постигне во борбата против климатските промени, а не може да придонесе и во опофравување од најголемата рецесија од Втофрата светска војна.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот