Скијање на планина/Илустрација/Фото: Hercules Milas / Alamy / Alamy / Profimedia

Германците, поради цените и економската неизвесност, ги откажуваат зимските одмори

Голем број Германци ќе штедат во текот на зимската празнична сезона на одмори. Освен фактот дека повеќето луѓе го сметаат летниот туризам за попривлечен, тие се обесхрабрени од цените и економската неизвесност.

Германците, поради зголемените трошоци и економската неизвесност, зачестено се откажуваат од зимските патувања и рекреациите, покажува анкетата на YouGov што ја нарача агенцијата ДПА.

Имено, 15 отсто од испитаниците навеле дека ги ограничуваат своите планови за зимски одмор, а ист број изјавиле дека ќе трошат помалку за рекреација. Секој четврти испитаник рекол дека планира помалку да излегува во ресторани.

Нешто повеќе од половина, 51 отсто, сепак, немаат намера да ги променат своите навики во зимската сезона.

Истражувањето е објавено во пресрет на отворањето на зимската сезона во Алпите претстојниот викенд. YouGov анкетирал 2.100 полнолетни лица.

Меѓу нив, 16 отсто навеле дека имаат некаков план за зимскиот одмор, два отсто биле неодлучни, а 81 отсто рекле дека немаат никакви планови. Бројките покажуваат дека за Германците летниот одмор останува далеку поважен од зимскиот.

Послабата посета од оние Германци кои патуваат во зима може да влијае на бизнисот и во соседните земји.

На пример, речиси половина од сите гости во Австрија минатата зима допатувале од Германија, а во Швајцарија тој удел беше 12 отсто.

По растот на туристичките посети минатата сезона, планинските центри во сите три земји со оптимизам ги очекуваат претстојните месеци.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот