Георгиевски: Ние како синдикат бевме против директна финансиска помош на владата во било кој медиум, тоа остава сомнеж на клиентелизам (ВИДЕО)

Со новата уредба на владата издејствувавме да нема отпуштања, да се вратат платите на ниво од пред кризата и третиот елемент е да покажеме едка сме значен фактор на решавањето на правата и стандардот на новинарите, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ новинарот и колумнист, Ѕвездан Георгиевски.

– Голем број на колеги немаат постојан работен однос и со самото тоа ги немаат оние права што се добиваат со Законот за здружен труд. Според наше убедување сите мерки што ги носеше владата беа за помош на фирмите, многу малку од тоа се однесуваше на вработените и луѓето кои го создаваат профитот. Ние имавме инстинкт дека и овој пат големите медиуми и нивните газди ќе добијат бенефити во кризата, додека некои новинари беа отпуштани и со намалени плата. Затоа се насочивме на правата во работниот однос, вели Георгиевски.

Треба да се најде начин и размер околу она што значи информираност во едно демократско општество и она што значи бизнис во медиуми.

– Ние како синдикат бевме против директна финансиска помош на владата во било кој медиум. Затоа нашите мерки беа кон субвенционирање, ненамалување на платите и не бркање од работа. Факт е дека лажните вести и медиумската неписменост произлегуваат од порталите, па тука имавме мали недоразбирања, но задоволни сме од исходот.

Кредибилитетот на традиционалните медиуми со новата технологија е загубен во светот. Весниците какви што ги знаеме пропаѓаат, се бараат нови платформи. Мислам дека многу сериозно треба да се размисли дали медиумите треба да бидат оставени на овој нео-либерален пазар, вели Георгиевски.

Проследете го целиот разговор со Ѕвездан Георгиевски:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот