Георгиевски: Изминува едно од најактивните лета на македонската кошаркарска федерација

Фото: kfsm.mk

Раководството на македонската кошаркарска федерација ја искористи денешната прес-конференција за да ги презентира досегашните активности на националните тимови, од најмладите до сениорските, како и активностите кои следат до крајот на летниот период.

– Целта на оваа прес-конференција е и да ја информираме јавноста за активностите на федерацијата во досегашниот тек на летото, а и за активностите кои допрва ни следат со акцент на сениорската репрезентација и учеството во ФИБА „балонот“, односно претквалификацискиот турнир во Скопје за претстојното Светско Првенство. Повторно сме во улога на домаќини и на овој настан, на кој ќе се бориме за место кое води во следната квалификацискa фаза за Светскиот Куп во 2023 година.

Обезбедени се максимално високи стандарди за одигрување на овој турнир кој ќе биде реализиран во периодот од 12-18 август. Учесниците на овој собир ќе бидат сместени во хотелот „Double Three Hilton“ во Скопје. натпреварите ќе се играат во салата на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Најнапред, со гордост можам да кажам дека ова беше едно од најангажираните лета на Кошаркарската Федерација. Опфатени се 13 репрезентативни селекции започнувајќи од најмладите 12-13 години, па сè до сениорската. Дел од нив веќе учествуваа на содоветните првенства, а дел допрва треба да ги финишираат настапите. Да потсетам, во оваа сезона со поддршка од ФИБА, го финиширавме проектот „Her world – her rules“.

Опфатени беа 16 градови низ Македонија каде беше презентирана кошарката кај најмладите девојчиња. За првпат сме и домаќини на FECC тренерски семинар на кој ќе учестуваат и полагаат тренери за ФИБА лиценца. И покрај огромните проблеми со пандемијата која ја донесе коронавирусот, најдовме начин и решение да го доиграме сите младински лиги кои се во наша организација. Вклучително и сениорски, во кој посебен сегмент се и оние завршни турнири од Купот на Македонија, кој од оваа година ќе го носи името на нашата легенда Благоја Георгиевски – Буштур – потенцира генералниот секретар во македонската кошаркарска федерација, Владимир Георгиевски.

Бајиќ: Димитријевиќ нека им објасни на Пандев и Лазаров зошто не игра за репрезентацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот