Ганц: Борбата нема да престане се додека не донесеме целосен и долгорочен мир

Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц денеска изјави дека израелската армија има уште илјадници цели за напад во Појасот Газа и оти никој не е заштитен.

– Израелските одбранбени сили (ИДФ) имаат многу планови да продолжат со нападите врз Хамас и борбата нема да престане се додека не донесеме целосен и долгорочен мир, истакна Ганц за време на посетата на поморската база во Ашдод, во јужниот дел на Израел.

Тој наведе дека меѓународната заедница „треба да разбере дека Хамас е терористичка група која отвори оган и која продолжува неселективно да пука врз цивилите, и оти ќе сноси одговорност и ќе ја плати цената”.

Ганц додаде дека на сите граници се распоредени припадници на ИДФ кои би го осуетиле секој обид за наштетување на Израелците и на израелскиот суверенитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот