ГАЛЕРИЈА | На скопскиот плоштад свечено се отвори Светското училишно ракометно првенство
Светското училишно првенство во ракомет под покровителство на Интернационалната училишна федерација, чиј домаќин оваа година е нашиот главен град Скопје вечерва го имаше свеченото отворање на „Плоштадот Македонија“. Првенството со натпреварите почнува од утре и ќе трае до 29 април.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На првенството ќе присуствуваа дваесет делегации од целиот свет кој во земјава пристигнаа во претходните два дена. Македонија ќе ја претстават две кадетски селекции во машка и женска конкуренција.
Кадетската машка репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Горан Кузманоски ќе игра во групата А заедно со Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија.
Кадетите ќе играат во салата „Македонско сонце“.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
22.04.2026 (10:30 часот) Македонија – Бугарија,
23.04.2026 (08:30 часот) Грузија – Македонија
24.04.2026 (10:30 часот) Република Српска – Македонија
26.04.2026 (12:30 часот) С.Арабија – Македонија
Кадетската женска репрезентација на Македонија, предводена од селекторот, Даниела Новеска Вељаноска ќе игра во групата Ц заедно со Белгија, Грузија и Словачка.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
22.04.2026 (10:30 часот) Белгија – Македонија
23.04.2026 (10:30 часот) Грузија – Македонија
24.04.2026 (10:30 часот) Македонија – Словачка
Кадетките ќе играа во салата „Крсте Мисирков“ – Гази Баба.



















