Гајле му е на Меси за 100 евра

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Војчех Шчесни беше извонреден на голот на Полска во дуелот со Аргентина, успевајќи меѓу другото да го скроти и ударот на Лионел Меси од пенал. Сепак, на крајот Полјаците загубија со 0:2, а полскиот голман загуби облог од 100 евра.

Тој самиот призна дека се обложил со Меси, дека од ВАР собата нема досудат фаул за најстрога казна. Сепак, судиите по прегледвањето на снимката досудија пенал за „Гаучосите“.

„Разговаравме пред пеналот. И му реков се обложувам во 100 евра дека судијата нема да досуди пенал. Така да загубив облог и треба на Лео да му дадам 100 евра. Не знам дали тоа е дозволено на Светско првенство, можеби ќе бидам и суспендиран. Но, не ми е гајле. Ама, нема да му платам. Галје му е на Меси за 100 евра?“, рече Шчесни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот