Гаџа: Сакаме да славиме и го освоиме трофејот во Супер купот на Македонија

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар1961 по четврти пат ќе игра во Супер купот на Македонија, а по вторпат ќе игра со екипа од Битола, овојпат со Е. Пелистер.

Натпреварот е закажан за утре, (среда 11 август 2021 година) во 19.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Досега се одиграни три Супер Куп дуели, а сите титули ги освоија ракометарите на Вардар. Лани поради пандемијата на коронавирусот Супер Купот не се одигра.

2019
Вардар – Металург 26:14

2018
Вардар – Металург 33:24

2017
Вардар – Е. Работник 30:25

Ракометарот на Вардар1961, Анте Гаџа:

– Пред нас е првиот официјален натпревар, веднаш се игра за трофеј. Ние сме Вардар и секако сакаме да победиме. Секако дека знаеме дека е многу рано, дека имаме многу нови играчи, Гурбиндо недостасува и тоа сигурно ќе се почувствува. Но, ние мора да го дадеме максимумот, да се види ангажманот, трудот, волјата, и мислам дека сите тие недостатоци на невоиграност ќе ги скриеме и дека во среда ќе славиме. Тешко е, немаше многу време, има и други јазици од новите играчи кои се зборуваат, се „бараме“ во играта. Ќе покажеме борбеност и бидеме што подобро подготвени пред предизвиците во СЕХА лигата и Лигата на шампионите – рече Гаџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот