Фото: ffm.mk

Фудбалерките на Тиверија Брера го освоија Купот на Македонија

Фудбалерките на Тиверија Брера со убедливи 5:0 ја совладаа Каменица Саса во финалето од Купот на Македонија во женска конкуренција, одиграно на стадионот во Стадион Ѓорче Петров и го освоија својот втор трофеј во ова натпреварување.

Тиверија Брера доминираше во најголем дел од натпреварот и уште во воведните минути најави офанзивна игра. Во осмата минута Карапузовска ја погоди пречката, а Каменица Саса возврати преку Димитровска, чиј удар со глава заврши во дирекот.

Резултатот беше отворен во 28 минута, кога по ВАР проверка беше досуден пенал за Тиверија Брера по фаул врз Панова, а Галабоска сигурно реализираше за 1:0.

Само две минути подоцна, Николовска со прецизен удар од слободен удар зголеми на 2:0, додека Паневска во 34 минута донесе убедливи 3:0 пред заминувањето на одмор.

Во второто полувреме следуваа уште два погодоци во мрежата на Каменица Саса. Бошевска во 50 минута по акција на Божинова постигна гол за 4:0, а истата фудбалерка во 84 минута со одличен удар ги постави конечните 5:0 за убедлив триумф и славје на Тиверија Брера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот