Фудбалерите ќе играат пред полни трибини, „Ренцо Барбера“ распродаден, а билети на црно достигнаа цена од 1.000 евра

twitter.com/onlyasroma

Фудбалската репрезентација на Македонија в четврток во Палермо против селекцијата на Италија ќе игра и против домашната публика, бидејќи стадионот „Ренцо Барбера“ ќе биде исполнет до последно место.

Италијанските медиуми објавија дека сите 36.000 билети за дуелот од полуфиналниот бараж натпревар се продадени. Фудбалската федерација билетите ги продаваше по популарни цени од 10 до 65 евра, но на црно, цената на билетите достигна сума од дури 1.000 евра.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски нема да останат без поддршка бидејќи  ФФМ доби 1.300 влезници за еден од најважните натпревари во историјата на фудбалската репрезентација на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот