Фудбалер обвинет за примање мито, 30.000 евра за жолт картон!

Фото: EPA-EFE/STR

Шведското обвинителство поднесе обвиненија за местење на фудбалски натпревари против четири лица, вклучително и двајца фудбалери.

Меѓу обвинетите е и прволигашки фудбалер, кој наводно примил мито од 30.000 евра за да добие жолт картон на мечот.

Наводно, неименуваниот фудбалер намерно добил жолт картон во мај 2019 година, а по натпреварот добил пари од луѓе кои се обложувале на натпреварот.

Играчот е обвинет за „пасивно мито“ и „кршење на законот за коцкање“, а му се заканува казна затвор од две години.

Второобвинетиот фудбалер игра за нисколигаш и е обвинет за примање мито во шест наврати, во периодот од мај до август 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот