Фрапар продолжува да ги поместува границите, ќе суди машки натпревар на „Вембли“

Фото: EPA-EFE/Fredrik Sandberg

Французинката Стефани Фрапар ќе ја дели правдата на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Австралија кој е закажан за на 13. октомври.

Фрапар во минатото испишуваше историја како прва жена која судеше на Светско првенство, судеше и во Лигата на шампионите, а сега ќе стане и првата жена која ќе суди натпревар на машки репрезентации на „Вембли“.

„Стефани е одличен судија. Воодушевени сме од нејзината работа и среќни што ќе ни суди против Австралија на преполниот Вембли. Сакаме да и посакаме топло добредојде во домот на англискиот фудбал“, изјави шефот на судиите при Фудбалската асоцијација на Англија, Питер Елсворт.

Во 2019 година Фрапар го судеше и финалето на Светското првенство во женска конкуренција, а од таа година суди и натпревари во француската Лига 1.

Стефани Фрапар ги руши табуата во фудбалот, таа е прва жена судијка на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот