Првата жена која ќе суди на СП ќе дели правда на важен натпревар за осминафинале

Стефани Фрапар од Франција ќе го суди натпреварот Костарика - Германија на СП 2022/фото: EPA-EFE/Vince Mignott

Французинката Стефани Фрапар ќе испише историја, во четврток (1 декември) ќе биде првата жена која ќе суди меч на Светското првенство во Катар за мажи.

Таа ја доби честа да ја дели правдата на натпреварот од третото коло од групата „Е“ меѓу репрезентациите на Германија и Костарика (20.00 часот).

Германците на овој меч мора да атакуваат на победа, но под услов Шпанија да ја совлада Јапонија. Фудбалерите на Костарика би можеле и со реми да се најдат во осминафиналето, но и за нив треба да играат Шпанците, односно да слават против Јапонците.

Што се однесува до Фрапар, таа во декември 2020 година ја делеше правдата на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Динамо Киев, а во последниот месец од 2020 година го судеше и натпреварот од квалификациите за Мундијалот меѓу Холандија и Летонија.

Инаку, во четврток на натпреварот Костарика – Германија, целиот судиски тим ќе биде составен од жени. Асистенти на Фрапар ќе бидат Неуза Бак од Бразил и Карен Диас Медина од Мексико. Жена ќе има и во ВАР собата, во овој случај Кетрин Незбит од САД ќе ја има позицијата на видео асистент на судијата да се проверува дали има офсајд или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот