Стефани Фрапар ги руши табуата во фудбалот, таа е прва жена судијка на ЕП

epa09101579 French referee Stephanie Frappart reacts during the FIFA World Cup 2022 qualifying match between the Netherlands and Latvia at Johan Cruijff Arena in Amsterdam, The Netherlands, 27 March 2021. EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Французинката ќе биде прва жена која ќе ја дели правдата на Европско првенство во машка конкуренција, откако се најде меѓу 18 судии за Евро 2020. Стефани Фрапар е родена на 14 декември 1983 годиина во Ербле.
Таа стана првата жена која ја делела правдата на УЕФА Суперкупот помеѓу Челси и Ливерпул во 2019 година, а една година подоцна стана и првата жена која судеше натпревар во Лигата на шампионите и тоа помеѓу Јувентус и Динамо Киев.
Фрапар стана првата жена која судела во француската втора лига во 2014 година, а потоа и во првата Лига 1.

– Немам профили на социјалните мрежи, ниту пак ги читам вестите за себе. Направив еден вид на сопствен меур. Знам дека во фудбалот постојано се коментира судењето, но се обидувам да го игнорирам сето тоа – изјави неодамна Фрапар.

Французинката во фудбалот се вљуби уште од мали нозе кога почна и да тренира.
– Младите гледаат телевизија па знам дека доколку сум тука на теренот можат да видат дека се е возможно. Ова е првата работа која на некои млади девојчиња ќе им помогне да познат да судат фудбалски натпревари. Но, никого не му сугерирам ништо, секој мора сам да одлучи што сака да работи.

Французинката сега откако ги сруши табуата во фудбалот, има уште една неостварена желба, да суди и на машкото Светско првенство. Таа ја делеше правдата во финалето на женскиот Мундијал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот