Момент за историја: Фрапар ќе биде првата жена која ќе суди меч во ЛШ!

Фото: EPA-EFE

Од Европската фудбалска куќа (УЕФА) донесоа одлука Стефани Фрапар да биде првата жена која ќе дели судиска правда на натпревар од Лигата на шампионите.

37-годишната Французинка ќе застане на центарот на мечот од петтото коло помеѓу екипите на Јувентус и Динамо Киев во Торино, Италија.

Овој дуел е закажан за в среда со почеток од 21.00 часот, а Фрапар ќе продолжи да поставува рекорди.

Претходно стана првата жена со мечеви во најсилното француско првенство за мажи, а исто така делеше правда на дуелот од Суперкупот на Европа во 2019 година.

Оваа година судеше на два натпревари во Лига Европа и логично беше сега за првпат да добие и повик, обврска во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот