„Ле Паризиен“ го критикуваше напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси/Париз, Франција/19 септември 2021/Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON
Французите загрижени: Меси е блед, повеќе не влијае на играта
Ф.К.
Пред
Тиражниот француски „Ле Паризиен“ го критикуваше напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси по реакцијата на натпреварот од последното коло во „Лига 1“ против Лион.
Сите светски медиуми пишуваат за потегот на Меси во неделата вечерта, а „Ле Паризиен“ отиде чекор подалеку.
– Неговиот престој во Париз ќе биде поголем предизвик отколку што се очекуваше. Меси е блед. Ја спушта главата надолу, оди по теренот и повеќе не влијае на играта – пишува за фудбалот „Ле Паризиен“.
Меси за првпат играше пред публиката на Паркот на принцовите минатиот викенд, а во првото полувреме ја погоди пречката од слободен удар. Тој досега нема постигнато ниту еден гол оваа сезона.
Во моментот кога 34-годишниот фудбалер ја напушти играта, резултатот беше 1:1, а Меси исто така е критикуван дека реагираше рамнодушно по решавачкиот гол на неговиот сонародник Мауро Икарди во судиското надополнување (90+3`).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Пред штимувањето на инструментите и првиот отсвирен тон – пред да започнат со проба – се најдовме со еден од новите скопски бендови, „Персеида“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Писмо напишано на „Титаник“ неколку дена пред потонувањето ќе се најде на аукција, се очекува да достигне цена до 41.000 евра 2 …
По скандалот во Гостивар, откако јавноста дозна дека граѓаните 20 дена пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, ги прашавме случајните минувачи од каде пијат вода. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Писмо напишано на „Титаник“ неколку дена пред потонувањето ќе се најде на аукција, се очекува …