Шеикот му упати јавно предупредување на Покетино: Лондон е прекрасен град…

Маурисио Покетино направи споредба меѓу ПСЖ и Премиер лигата/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

По натпреварот во кој ПСЖ со 2:1 го совлада Олимпик Лион во дербито на колото во Лига 1, Калид бин Хамад бин Калифа Ал-Тани, кој е брат на емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал-Тани кој е сопственик на „светците“, му упати јавно предупредување на Маурисио Покетино.

Покетино во 76. минута од играта го изведе од игра Лионел Меси и на негово место го постави дефанзивецот Ашраф Хакими. Тој потег го налути Меси кој потоа одби да се поздрави со Покетино.
Одлуката на Покетино го налути и шеикот Калид кој јавно му упати предупредување на тренерот за својот потег.

Лондон е прекрасен град, тоа го знаеш“, напиша братот на сопственикот на ПСЖ и притоа јасно го предупреди тренерот дека слична ситуација ќе значи и негов отказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот