ФОТО+ВИДЕО | „Замрзнато лице“ повеќе не е во мода, сите се луди по новиот холивудски тренд од Оскарите
Доделувањето на Оскарите, што се одржа во неделата, го означи крајот на сезоната на доделување награди, а некои од најпознатите светски ѕвезди се појавија на раскошната церемонија. Истата вечер на доделувањето на наградите, славните личности прво блеснаа на црвениот тепих, а некои ѕвезди се најдоа во фокусот на јавноста. Меѓу нив се актерките Ен Хатавеј, Никол Кидман и Гвинет Палтроу, кои, според многумина, го покажаа „новото холивудско лице“ на црвениот тепих.
Препорачано
View this post on Instagram
Трите актерки блеснаа во елегантни комбинации, опсипани со дијаманти и светки, а нивните лица изгледаа младешки. Многумина исто така забележаа дека актерките сè повеќе наликуваат една на друга, а експертите го објаснија тоа за „Дејли мејл“. Медицинската естетичарка, д-р Гизем Сејменоглу, рекла дека „сите три имаат прекрасно потпрена област околу очите, со природно отворени, освежени очи и нежно подигнати веѓи“.
Докторот Џулијан Де Силва рекол дека клучните карактеристики на „новото холивудско лице“ вклучуваат измазнета кожа, подигнати образи и остро дефинирана вилица, постигната преку суптилни промени во текот на долг временски период.
– Актерики како Хатавеј, Кидман и Палтроу ги покажуваат овие карактеристики на лицето, создавајќи измазнет изглед подготвен за камерата под силно осветлување – рекол Де Силва, кој додал дека „прекумерната корекција е исклучена“.
Anne Hathaway. #Oscars pic.twitter.com/nXYo5Z4B2g
— Flashy grill (@Flashygrill) March 16, 2026
Докторот, исто така, предупредил и дека сите лица не реагираат исто на ваквите промени.
– Целта е опуштен, младешки горен дел од лицето, а не замрзнат изглед – рекол тој, па објаснил дека внимателно поставените дози на ботокс можат да ги омекнат брчките на челото и меѓу веѓите.
Друг важен фактор е квалитетот на кожата. Славните ѕвезди веројатно се одлучуваат за третмани што го поттикнуваат создавањето колаген, вклучувајќи ласерско обновување на кожата, микронидлинг или радиофреквентни технологии. Де Силва рекол дека пополните и подигнати образи и обликуваните вилици се карактеристиките на оваа естетика.
View this post on Instagram
Исто така, внимателно поставените филери или трансферот на маснотии можат да ја вратат таа поддршка и да ги одржат природни контурите на младешкиот изглед. Дополнително, издлабена вилица може да се постигне со третмани за затегнување на кожата или хируршки процедури како што се мини-лифтинг или длабински фејслифтинг, кои ги репозиционираат подлабоките структури на лицето.
Се чини дека Хатавеј и Палтроу имаат „мошне малку вдлабнатина или опуштена кожа околу очите“, поради што изгледаат помлади. Де Силва рекол дека таков изглед може да се постигне со зафати како што е операција на долните очни капаци.
– Нивниот среден дел од лицето е добро потпрен, од областа под очите до јаболчниците и горниот дел од образите. Нивните образи и областа под очите се беспрекорно усогласени со остатокот од лицето, давајќи му складен изглед. Иако можеби имале суптилни зафати, како што се дермални филери или течен лифтинг, целокупниот ефект е природен – додал докторот, откривајќи ја со тоа тајната на „новото холивудско лице“.
Експертите тврдат дека познатите личности сè повеќе се одлучуваат за суптилни третмани кои „ја одржуваат хармонијата на лицето, а воедно ги омекнуваат брчките и ги поддржуваат контурите на средината на лицето“.
– Повеќето познати личности денес не бараат драматични козметички промени. Она што тие обично го сакаат е лице подготвено за камера кое изгледа природно дури и кога е фотографирано одблизу. Акцентот е на суптилно одржување, а не на трансформација, на зачувување на структурата на лицето, а воедно и спречување на очигледни знаци на стареење – додал докторот.
Де Силва истакнал дека постојат неколку важни работи што треба да се земат предвид пред некој да се одлучи за третман. Тој истакнал дека лицата реагираат различно на третманите, што укажува дека третманите што ги игнорираат пропорциите на лицето можат да создадат потежок или помалку природен изглед.
ВИДЕО | Ен Хатавеј на Оскарите се појави со „ново лице“, а многумина се прашуваат само едно – зошто?


