Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ФОТО+ВИДЕО | Стотици скопјани чекаа свечено да се осветли елката на плоштадот „Македонија“

Голем број луѓе доцна попладнево се собраа на Плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје за да присуствуваат на свеченото осветлување на големата новогодишна елка.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Заедно со предновогодишното осветлување на центарот на Скопје, со ова беше отворен и празничниот базар. До 31 декември, секој ден од 18 часот ќе има богата празнична програма, со музички настани и изненадувања, додека на најмладите ќе им бидат посветени викендите. Публиката ќе има можност да ги слушне и најталентираните средношколоци од сите средни училишта, кои ќе настапат со свои музички бендови и изведби.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Погледнете ја атмосферата на плоштадот и моментот кога се осветли новогодишната елка:

ВИДЕО | Забрзано се монтира елката на плоштад, попладнево треба да светне

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот