ФОТО+ВИДЕО | Се враќа хит-серијата „Еуфорија“: Драматичен трејлер открива што ќе се случува во третата сезона
Објавен е трејлерот за долгоочекуваната третата сезона на хит-серијата „Еуфорија“ (Euphoria), а премиерата на новата сезона на Ејч-би-о и Ејч-би-о Макс е закажана за 12 април, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Главните членови на актерската екипа – Зендаја, Сидни Свини, Хантер Шафер, Џејкоб Елорди, Ерик Дејн, Алекса Деми, Мод Апатов, Марта Кели, Клои Чери, Колман Доминго и Доминик Фајк – ќе се вратат во третата сезона.
Некои поранешни членови на екипата како Барби Фереира, Сторм Рид, Џавон Вана Волтон и Остин Абрамс – нема да се појават во новата сезона. Aнгус Клауд, кој ја прослави улогата на Фезко, почина на 25 години во јули 2023 година.

Втората сезона заврши со Лекса (Мод Апатов) која одржува претстава инспирирана од животите на нејзините таканаречени пријатели и соученици; Нејт (Џејкоб Елорди) го апси својот татко Кал (Ерик Дејн) откако пронашол уесбе со негови незаконски сексуални средби; Џулс (Хантер Шафер) и Ру (Зендаја), кои наизглед ја обновуваат својата романса додека Ру останува трезна.
Новата сезона продолжува пет години подоцна. Кеси и Нејт се венчаат и живеат во предградието, додека Ру живее во Мексико и го отплаќа долгот кон дилерот Лори. Џулс учи во уметничко училиште, а Мади работи во агенција за таленти во Холивуд.
Почина Ангус Клауд на 25 години, ѕвездата од серијата „Euphoria“


