Почина Ангус Клауд на 25 години, ѕвездата од серијата „Euphoria“

Фото: Instagram/ anguscloud

Почина Ангус Клауд, 25-годишниот актер во подем, познат по улогата во серијата „Euphoria“, објави неговото семејство во изјава за „Си-ен-ен“.

„Со тешко срце се простивме со неверојатен човек денес. Уметник, пријател, брат и син, Ангус беше посебен за сите нас на многу начини. Тој го погреба својот татко минатата недела и интензивно се бореше со таа загуба. Единствената утеха што ја имаме е да знаеме дека Ангус сега се врати со својот татко, кој му беше најдобар пријател“, напиша семејството во изјавата.

„Ангус беше отворен за неговите борби со менталното здравје и се надеваме дека неговата смрт може да послужи како потсетник за другите дека тие не се сами и не треба да се борат сами во тишина“, се додава во соопштението.

Семејството на младиот актер изрази надеж дека Ангус ќе остане запаметен по хуморот, смеата и љубовта кон сите.

„Бараме приватност во овој момент, бидејќи сè уште се справуваме со оваа катастрофална загуба“, се вели во соопштението.

Фото: Instagram/ anguscloud

Младиот актер веќе бил мртов кога екипите за итни случаи пристигнале на местото на настанот, околу 11:30 часот по локално време во Оукленд, Калифорнија. Причината за смртта сè уште не е утврдена.

Само една недела пред тоа, тој беше во Ирска на погребот на неговиот татко и отворено зборуваше за неговата борба со менталното здравје.

Инаку, Клауд брзо се прослави во 2019 година со улогата на дилерот на дрога Феско во хит серијата „Euphoria“. Неговите други актерски достигнувања ги вклучуваат филмовите „North Hollywood“ (2021) и „The Line “ (2023).

Неодамна беше избран за улога во новиот хорор филм од режисерите на „Scream 6“, Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Жилет. Клауд исто така, глумеше и во различни музички спотови како што се „All Three“ на Ноа Сајрус, „Cigarettes“ на Juice WRLD и „Miamiii“ на Беки Џи и Карол Џи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот