ФОТО+ВИДЕО | Публиката во солзи: Лејди Гага ѝ помогна на Лајза Минели да го објави победникот на Оскарите

Лејди Гага и Лајза Минели/ЕПА ЕФЕ
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Култната танчерка и позната актерка, Лајза Минели, која пред речиси пет децении го освои Оскарот за најдобра женска улога во филмот „Кабаре“, ја додели наградата за најдобар филм во неделата вечерта.

Лејди Гага и Лајза Минели/Принтскрин/Јутјуб
Лејди Гага и Лајза Минели/Принтскрин/Јутјуб

Минели која има 76 години, низ многу смеа и ведар дух, се појави на сцената во придружба на уште една поп ѕвезда, Лејди Гага. Бидејќи Лајза има здравствени проблеми, беше во количка, и имаше проблем да го објави победникот, па Гага беше покрај неа како вистинска поддршка.

„Ох колку е возбудливо“ – извика Минели кога двете жени излегоа на сцената и беа почестени со огромен аплауз.

Лејди Гага со најголема љубов искоментира „Видете, публиката ве сака“.

Минели се насмеа додека Гага ја нарече легенда и ѝ кажа дека нејзината изведба во „Кабаре“ од 1972 година и е една од најомилените. Потоа се фатија за работа да го објават победникот. Публиката беше трогната, а меѓу присутните лица имаше и такви што се насолзија од оваа спојка на сцената.

Лејди Гага и Лајза Минели/ЕПА ЕФЕ
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Во прилог и видеото:

ФОТО | Kабаре кралицата Лајза Минели се соочува со тешка здравствена состојба: Не ми е ништо!

Видео на денот