ФОТО | Kабаре кралицата Лајза Минели се соочува со тешка здравствена состојба: Не ми е ништо!

Лајза Минели/Профимедиа
Лајза Минели/Профимедиа

Легендарната холивудска актерка Лајза Минели по долго време се појави во јавноста, и тоа пред ресторан во Западен Холивуд, во друштво на актерот Џорџ Хамилтон.

Најновите папарацо фотографии од актерката ги натажија луѓето ширум светот кои се загрижени поради нејзиното здравје и сметаат дека таа изгледа непрепознатливо и бледо.

Лајза Минели/Профимедиа
Credit line: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

76-годишната Лајза, најпозната по улогата во филмот „Cabaret“ од 1972 година, била забележана како си оди од ресторанот во инвалидска количка, додека непознат маж ја придржувал и ѝ помагал да влезе во автомобилот.

Покрај неа била и 82-годишната ѕвезда од серијата „Dinastia“ Џорџ, кој ја причекал актерката удобно да се смести во автомобилот пред да се поздрави со неа.

Лајза е родена на 12 март 1946 година како ќерка на актерката Џуси Гарланд и филмскиот режисер Винсент Минели, а на сцена првпат настапила на само три години. Лајза своевремено изјавила дека најтешкиот дел од шоубизнисот е да се биде славен, како самостојна личност, а не како ќерка на познати родители, а за улогата во „Cabaret“ во која имала само 26 години таа освоила Оскар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liza Minnelli (@officiallizaminnelli)

Во 2021 година се појавиле нови гласини за нејзините здравствени проблеми, а колку тоа ѝ пречи нејзе покажа кога објави и свое мислење на социјалните мрежи.

„Дечки, слушнав дека се објавуваат доста бизарни приказни за мене. Секогаш цитираат некој „анонимен извор“, затоа што не можат да ја дознаат вистината. Ве молам, видете ги моите објави на инстаграм и кажете ми дали сум во лоша состојба?“ – напиша таа.

Воедно, во друга објава на својот инстаграм профил им се заблагодари на сите фанови за честитките за нејзиниот роденден, образложувајќи дека никогаш досега не се чувствувала толку почестено, затоа што сите нејзини фанови заедно го прославија роденденот на актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liza Minnelli (@officiallizaminnelli)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот