ФОТО+ВИДЕО | Причината е неверојатна: Цел град на северот на Европа ќе мора да се пресели зграда по зграда

Фото: Wikimedia Commons

Цел град во северна Европа мора да се пресели, и тоа „зграда по зграда“ на сосема нова локација по едно неверојатно и малку застрашувачко откритие.

Живописната Кируна се наоѓа на крајниот север во шведска Лапонија, а од 2016 година има нешто повеќе од 17.000 жители. Градот има и долга историја, благодарение на огромниот рудник за железна руда и подземниот центар кој е отворен за посетители.

Во Кируна неодамна се пронајдени вредни минерали, а најголемото познато наоѓалиште на ретки земјени елементи е пронајдено во градот на почетокот на оваа година. Овие специјални елементи се користат за производство на батерии за електрични автомобили и турбини на ветер.

Потоа, вицепремиерката на Шведска Еба Буш ја означи својата татковина како „златен рудник“ и го повика остатокот од Европа да ја „научи лекција“. Војната во Украина го принуди остатокот од светот да престане да биде толку зависен од Русите кога се во прашање ресурсите, а рудникот за железна руда пронајден во Кируна, со кој управува шведската државна компанија ЛАБ, произведува 80 отсто од снабдувањето на Европската унија, така што Европа, од ова, сепак, нема да биде зависна. Меѓутоа, неверојатниот успех во рударството на Кируна донесе и еден огромен проблем.

Секој ден, од рудникот се вади руда во вредност од шест Ајфелови кули, што предизвикува деформација на тлото на неговата западна граница. Таквите проблеми ги доведуваат жителите во опасност, а во исто време се закануваат да го проголтат градот. Всушност, според локалните извештаи веќе се пронајдени пукнатини во болницата во градот, додека локалното училиште повеќе не се смета за безбедно за учениците и наставниците. Поради сите ризици, во тек е проект за преместување на Кируна 2,9 милји источно од стариот град – нешто што се очекува да биде завршено до 2026 година.

Тоа ќе им овозможи на историските знаменитости, каква што е црквата отворена во 1912 година, да продолжи да работи како и досега. Проектот ќе доведе до тоа речиси 6.000 луѓе да ги преселат своите домови.

Фото: Johannes Jansson/ Wikimedia Commons

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот