ФОТО+ВИДЕО | Никој не може да седи подолго од еден час во најтивката соба во светот

Фото: Мајкрософт

Тишината е злато, освен ако се наоѓате во најтивката соба во светот.

Во 2015 година „Мајкрософт“ изгради соба која сега се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди, како најтивката соба на планетата. Позната како „комора без ехо“ со седиште во Редмонд, Вашингтон, во 2015 собата беше тестирана со ултра-сензитивен тест, кој резултираше со просечна бучава во позадината од -20,35 dBA (децибели А – мерна единица за мерење на звучниот притисок), пишува „Њујорк пост“.

Малкумина можат да издржат да престојуваат во собата подолго време, и тоа најмногу еден час.

По само неколку минути, почнувате да го слушате отчукувањето на своето срце. Неколку минути потоа почнувате да го слушате крцкањето на коските и течењето на крвта низ телото.

Поентата на „глувата соба“ не е да не слушате ништо, туку напротив, да ги отстрани сите атмосферски звуци како би можеле да ги  слушнете бесконечните звуци на своето тело. Само по смртта телото е комплетно тивко и не произведува никакви звуци.

Околината за која мислиме дека е ултра-тивка типично е погласна од прагот на човечкиот слух, кој е околу нула децибели. Читалните, на пример, можат да достигнат звук со јачина од 40 децибели. Со никаков звук од надворешниот свет, тоталната тишина постепено ќе премине во неподносливо ѕвонење во вашите уши.

Ова веројатано ќе ве доведе до губење на рамнотежата, поради недостаток на одекнување во собата, што ќе ја наруши вашата свест за просторот околу вас.

Фото: Мајкрософт

„Кога ќе ја свртите главата, ќе можете да го слушнете и тоа движење. Можете да го слушнете сопственото дишење и тоа ќе ви звучи прилично гласно“, вели Хундраџ Гопал, главниот дизајнер на собата, за која им требале две години да ја дизајнираат.

Изградена од шест слоеви бетон и челик, таа е дисконектирана од околните згради. Низа од пружини за амортизирање на вибрациите се сместени под неа, на подот и таванот се монтирани клинови од фиберстакло, а ѕидовите се дизајнирани да ги прекинат звучните бранови пред тие да добијат шанса да се вратат во собата.

Фото: Мајкрософт

Во меѓувреме, уште една ваква „соба без ехо“ се бори за титулата најтивка соба во светот. Лоцирана во лабораториите Орфилд во Минеаполис, во собата биле измерени легитимни – 24,9 dBA (децибели А), според нејзиниот дизајнер Стивен Орфилд. Претставник од Гинис, ја потврди апликацијата на Орфилд, а тимот на Гинис веќе работи на проценка на неговите докази и критериуми за тестирање.

Фото: Мајкрософт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот