ФОТО+ВИДЕО | Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу доаѓа во саканата Македонија: Ќе пее на „Интерфест“

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу е еден исклучително интересен лик, за кој веројатно веќе сте слушнале, а кој македонската јавност го запозна преку неговите извонредни изведби на македонски песни, кои ги споделуваше на социјалните мрежи.

Неговата љубов кон македонската народна музика ја преточи во прекрасни оперски изведби на десетици народни песни, кои ги објавува на својот јутјуб-канал.

Македонската публика сега конечно ќе може да го види и слушне во живо, на годинешниот 32-ри Меѓународен фестивал на класична музика „Интерфест – Битола“ што ќе се одржи на 11 октомври во Битола.

По покана на орагнизаторите на традиционалниот фестивал „Интерфест-Битола“, тој на својот фејсбук-профил, ја објави веста дека е почестен што ќе биде дел од годинешното фестивалско издание, и тоа со македонски песни.


„Оваа година, 2023 година, на 11 октомври ќе учествувам на 32-от Интерфест-Битола, Интернационален фестивал за класична музика. Со нетрпение очекувам да запознам многу македонски пријатели. Дали програмата содржи македонски песни? Секако“, напиша Казухиро Котецу на своите профили на Фејсбук и Твитер.

Казухиро Котецу ја воодушеви јавноста со многуте изведби на песни од македонската народна музика како „Македонско девојче“, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Ако умрал ил загинам“, „Земјо македонска“ и многу други.

Котецу е познат јапонски уметник, кој воедно е и дел од операта во Токио, но покрај своите професионални ангажмани, голем дел од своето време го посветува на истражување на богатата македонската народна музика од која и самиот е воодушевен и дава сè за да ја пренесе на свој, уникатен начин.

 

ВИДЕО: Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу со извонредна изведба на македонската песна „Оди ѕвездо“ од Наум Петрески

ВИДЕО+ФОТО: Македонската химна во изведба на јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу

ВИДЕО: Јапонецот Казухиро Котецу со извонредни изведби на македонски песни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот