ФОТО+ВИДЕО | Хари Стајлс за смртта на Лијам Пејн: „Многу е тешко да изгубиш пријател, тоа ме научи да го живеам животот со полна пареа“
Британскиот пејач Хари Стајлс проговори за тоа како ја доживеал смртта на својот пријател и поранешен колега од групата „Уан дајрекшн“, Лијам Пејн.
Препорачано
Пејн трагично почина на 16 октомври 2024 година на 31-годишна возраст, откако падна од балкон на третиот кат на хотел во Аргентина. Веста за неговата смрт тогаш го потресе музичкиот свет, а сите членови на поранешниот бенд – Хари Стајлс, Зејн Малик, Најл Хоран и Луис Томлинсон – му оддадоа почит со емотивни пораки.
Во интервју за емисијата „Зејн Лоу шоу“ на „Епл мјузик“, објавено на 4 март, Стајлс искрено зборуваше за тагата и тешкотијата да се справи со загубата.
„Искрено, дури и самата помисла да зборувам за тоа ми е тешка. Имаше период по неговата смрт кога навистина се борев со чувството колку е чудно тоа што луѓето на некој начин сакаат да бидат дел од твојата тага“, рече Стајлс.

Тој објасни дека неговите емоции биле многу силни, но дека во јавноста понекогаш постои очекување тие чувства да се покажат на одреден начин.
„Многу е тешко да изгубиш пријател. Тешко е да изгубиш кој било пријател, но особено кога станува збор за некој што е толку сличен на тебе на многу начини“, додаде пејачот.
Стајлс го опиша Пејн како човек со „најдобро срце“, кој секогаш сакал да ги направи другите луѓе среќни.

По неговата смрт, признава дека почнал да размислува и за сопствениот живот.
„Си поставив прашање: што навистина сакам да правам со мојот живот и како сакам да живеам? Мислам дека најдобриот начин да им оддадеме почит на пријателите кои сме ги изгубиле е да го живееме животот најцелосно што можеме“, рече Стајлс.
Тој додаде дека смртта на Пејн е „навистина тажна“, но дека се обидува да ја претвори таа болка во потсетник да го цени животот и луѓето околу себе.
ФОТО | По тригодишна пауза: Хари Стајлс се враќа со нов албум, фановите очекуваат светска турнеја


