ФОТО+ВИДЕО | Бреговиќ има богатство од 35 милиони евра, а вози стар автомобил кој веќе не се произведува
Познатиот музичар Горан Бреговиќ (71) е „уловен“ како разгледува станови во елитниот дел на Белград, пишува српски „Курир“.
Препорачано

Камерите на „Папарацо лов“ го уловиле во лежерно издание, додека го снимиле и како вози „трабант“, кој многу години не се произведува. Очигледно не го интересираат модерни возила.
Бреговиќ бил облечен во црна комбинација, а преку неа носеше беж капут.
Да потсетиме, Брега по три години градење го завршил велелепниот објект на Сењак, кој го издал на една компанија. Нводно оставил е еден дел од станбениот простор за себе, каде што може да престојува кога е во Белград.
– Во внатрешноста на самиот објект се наоѓа фирма која го изнајмила просторот. Меѓутоа, тоа е само еден дел од огромната вила која е негова сопственост. Другата половина одлучил да ја зачува за себе, бидејќи поради честите изнајмувања на вили и куќи за снимање на разни спотови и реклами, сепак, сака да има дел за себе за да може да се одмори – рекол во една прилика извор за српски „Блиц“.
Според пишувањето на медиумите, музичарот во свој имот има над 30 куќи, вили, станови и гарсоњера во вредност од над 35 милиони евра.


