ФОТО+ВИДЕО | Безвременски гламур на црвениот тепих — иконите на Холивуд, Џоан Колинс и Џејн Фонда, го освоија Кан
Холивудските икони Џоан Колинс и Џејн Фонда, го донесоа гламурот на црвениот тепих на свеченото отворање на 79-тиот филмски фестивал во Кан во вторникот вечерта. Џоан, која има 92 години, изгледаше сензационално во бел фустан во комбинација со дијамантски ѓердан и црни ракавици, а на тепихот ѝ се придружи и нејзиниот сопруг Перси Гибсон, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Од друга страна, 88-годишната Џејн Фонда воодушеви во долг црн фустан со светки, покажувајќи изглед кој им пркоси на годините по нејзината импресивна шестдецениска кариера.

Овие водечки дами предизвикаа вистински интерес кај фотографите благодарение на нивниот статус на врвни ѕвезди, што доаѓа по неколкугодишната доминација на моделите на црвениот тепих.
Покрај нив, вниманието го привлече и 63-годишната Деми Мур, која изгледаше прекрасно во бел светкав фустан без прерамки и впечатлив дијамантски ѓердан. Таа годинава е дел од деветчленото жири со кое претседава јужнокорејскиот режисер Парк Чан-вук.

На настанот се појавија и други познати лица како манекенката Попи Делевињ во чипкаст фустан, Хајди Клум во фустан со цветни детали, како и инфлуенсерката Керолајн Даур во драматична тоалета со пердуви.



Фестивалот беше отворен со премиерата на романтичната комедија „The Electric Kiss“ во режија на Пјер Салвадори. Деми Мур во изјава за медиумите истакна дека се чувствува почестена што е дел од жирито и дека е возбудена како мало дете што учествува на ваков голем настан.


