ФОТО+ВИДЕО | Активисти ја изложија озлогласената фотографија од апсењето на принцот Ендру во Лувр: „Тој се поти сега“
Активисти во парискиот Лувр накратко ја изложија озлогласената фотографија од апсењето на принцот Ендру, како дел од протестна акција. Околу 15 минути, покрај ремек-делата како „Мона Лиза“ и „Милоска Венера“, на ѕидот се најде и фотографијата на поранешниот војвода од Јорк, направена по неговото апсење под сомнение за несовесно вршење на службената должност, пренесува „Еуроњуз“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Акцијата ја организираше британската група „Everyone Hates Elon“, која на Инстаграм објави видео од поставувањето на фотографијата со пораката:
-Велат „закачи го во Лувр“. Така и направивме.

Фотографијата беше поставена со наслов „Тој се поти сега“, алузија на интервјуто од 2019 година со новинарката Емили Мејтлис, во кое тој тврдеше дека не може да се поти, изјава што предизвика силни реакции во јавноста.
Принцот Ендру беше уапсен на 19 февруари и помина 11 часа во полициски притвор. Апсењето следуваше по објавувањето на милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин.
Тој и понатаму ги негира сите обвинувања.
Персоналот на Лувр ја отстранил фотографијата по околу 15 минути.
Поранешниот британски принц Ендру е уапсен поради скандалот со Епстин


