Фотоволтаици на ООУ „Киро Глигоров“/ Фото: Општина Центар

Фотонапонската централа ги намали сметките за струја на училиштето „Киро Глигоров“

Откако во употреба е пуштена фотонапонската централа во основното училиште „Киро Глигоров“, наредната година Општина Центар планира поставување фотоволтаици и во училиштата  „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, за каде веќе има и готови проекти. Поставената централа  веќе овозможува пониски сметки за електрична енергија и, како што велат од Центар, била високо оценета од европски стручни лица како проект изведен според највисоки технички стандарди.

Општинското трговско друштво „Енергија–Центар“ веќе покажа дека може да испорача резултати, а сега продолжуваме со јасен план и подготвени проекти. За наредната година планираме кадровско екипирање и самостојно работење на претпријатието, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Тој посочи дека се подготвени и проекти за поставување фотоволтаици на катната гаража „Судска палата“, додека проектот за ООУ „11 Октомври“ е подготвен и чека решавање на имотно-правните прашања .

Од Општината информираат дека годинава целосно е завршена постапката за јавни набавки за изработка на основни проекти за сите преостанати основни училишта и катни гаражи од програмата, што отвора пат за конкретни чекори за нивна реализација.

Централите врз детските градинки ќе се реализираат поединечно, во зависност од обезбедени грантови, посебно од изведбите на школите и катните гаражи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот