ФОТО | Жена сподели трик со кој никогаш повеќе нема да плачете додека сечете кромид!

Фото: Профимедиа

Загатката за тоа како да ги спречиме нашите очи да не насолзуваат додека сечеме кромид долго време ги мачи и домаќинките и готвачите ширум светот и честопати се чувствуваме како сите да сме осудени да го трпиме пецкањето од силните испарувања од кромидот бидејќи никој не нашол решение кое функционира беспрекорно.

Сме имале различни обиди – сме го сечеле со очила за сонце, сме држеле дрвена лажица во уста, сме го миеле со ладна вода пред да го сечеме, но конечно, изгледа, пристигна советот кој ќе ни помогне да не плачеме додека сечеме кромид.

Трина Мишел сподели генијален трик на Фејсбук – сè што треба да направите е да намокрите хартиена крпа и да ја ставите до даската на која го сечете кромидот.

Трини напишала: „Дали сте ја знаеле причината зошто ‘плачете’ при сечкањето кромид? Причината е тоа што хемикалијата во кромидот го привлекува најблискиот извор на вода (што најчесто се очите). Ако ставите влажна хартиена крпа до даската за сечење, кромидот ќе гравитира кон тоа, а не кон вашите очи!

Фото: Принтскрин/Фејсбук

По објавата на социјалните мрежи се ределе реакции на воодушевување, а многумина рекле дека трикот „помага да не се напушта кујната липајќи“.

Едно лице напишало: „Дефинитивно ќе се обидам“, додека друг рекол: „Да! Можам да потврдам дека  овој трик многу помогна!“

Некои од коментарите биле дека советот е дефинитивно подобар од оној „да се џвака парче леб додека сечете кромид“. Меѓутоа, некои други тврделе дека не им успеал трикот, а едно лице рекло дека единствениот начин да не плачете додека сечете кромид е да носите контактни леќи.

Некои споделиле и други трикови – покрај даската ставете отворено шише со етерично масло Thieves (лимон, каранфилче, цимет, еукалиптус, рузмарин), пуштете да тече водата во мијалникот додека го сечете кромидот или ставете го во фрижидер пред да го исечете.

Пробајте го и вие овој трик!

Зошто некои лица кои прележале ковид-19 не можат да јадат кромид?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот