ФОТО | Жена-сирена со неверојатна способност: Научниците не можат да го објаснат овој феномен

Амбер Бурк/Инстаграм
Амбер Бурк/Инстаграм

Научниците до неодамна мислеа дека луѓето можат да нуркаат максимално до 30 метри во длабочина со еден здив. Но, една жена им ја „замати водата“ со својата неверојатна способност да нурка и подлабоко.

Се работи за Амбер Бурк, жена која отиде и подлабоко од 70 метри во длабочина, а физиологијата не може да објасни како.

Пред десет години, Австралијанката Амбер Бурк во своите рани дваесети патувала во Египет кога открила нешто фасцинантно кај себе. Во малото село на Синајскиот полуостров наишла на место каде се учело нуркање и одлучила да проба.

„Го задржав здивот четири минути и нуркав на 18 метри“ вели Бурк која е сега австралиска шампионка во нуркање во длабочина.

Бурк беше и шампионка во синхронизирано пливање во тинејџерските години и веќе знаела дека може да го задржи здивот на неколку минути. Но, ова со нуркањето на краток здив ја изненадило.

До 2018, Бурк се етаблирала како една од најдобрите нуркачки во светот. Во длабоките води на брегот на Филипините, таа била подготвена да го собори и светскиот рекорд за жени во дисциплината.

Оваа дисциплина е една од најтешките – нуркачот се спушта вертикално во длабока вода со еден здив, користејќи си ја силата на мускулите за да се движи надолу. Со секој метар спуштање, притисокот врз телото се зголемува. На 30 метри е максимална длабочина за која физиолозите во раните денови на спортот мислеле дека се способни луѓето да нуркаат – притисокот кој се врши на телото е четири пати посилен одошто на површина, а волуменот на воздухот во телото се смалува на една четвртина. Во еден миг, нуркачот почнува слободно да паѓа.


Бурк достигнала длабочина од 73 метра, светски рекорд, но помрачувањето на умот кога излегла на површина ја дисквалификувало.

„Ако останете под вода доволно долго, секогаш постои шанса кислородот да ви падне на ниво на кое вашиот мозок ќе одлучи да се исклучи за да се заштити од масовно оштетување. Кога прв пат нуркав на 30 метри длабочина, навистина почувствував огромен притисок на градите, како да сум згмечена. Сега, нуркајќи на 70 метри, не го чувствувам тој притисок“ – вели таа.

Главната адаптација сепак е психолошка: развивањето способност да се издржи потребата за дишење е навистина неверојатно. Бурк вели дека влегува во медитативна состојба и го успорува дишењето пред да влезе во вода.

Инаку таа по професија е електричарка и инструктор по нуркање и за себе вели дека никогаш не ни можела да претпостави дека еден ден ќе го прави невозможното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот