ФОТО: Втор тренинг на македонските репрезентативци во Букурешт

Фото: ФФМ

Денеска најдобрите македонски фудбалери го имаа и вториот тренинг во Букурешт, Романија, каде што ќе ги играат првите два натпревари на Европското првенство.

Како што е веќе познато, Илија Несторовски поради повреда нема да може да им помогне на своите репрезентативни колеги на континенталниот собир.

Секако, на играчот на Удинезе му е најтешко што нема да биде дел од составот на Игор Ангеловски, а токму тој беше асистентот на победничкиот погодок лани против Грузија за пласман на ЕП.

Ферхан Хасани исто така тренира со останатите, има маска поради повредата на носот која ја здоби на пријателскиот меч со Словенија (1:1).

Севкупно во одлична атмосфера македонските фудбалери го очекуваат дуелот со Австријците кои во изминатите квалификации токму за ова ЕП двапати славеа против нас со 2:1 и 4:1.

Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ

Костадинов: Очекуваме максимална поддршка од нашите навивачи, знаеме дека тие се најдобри и најгласни

ВИДЕО I Атлетик ја анализира играта на Македонија, имаат одличен пресинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот