Костадинов: Очекуваме максимална поддршка од нашите навивачи, знаеме дека тие се најдобри и најгласни

фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија во Букурешт ги има последните подготовки пред неделниот натпревар против Австрија во првото коло од групата Ц на Евро 2020.  Фудбалерот на Ружомберок, тихомир Костадинов,  жали што трибините на стадионот во Букурешт нема да бидат исполнети до последното место, туку само 25 проценти од вкупниот капацитет.

Двата пријателски натпревари беа добра увертира за Европското првенство. Триумфот против Казахстан ни помогна многу за нашата самодоверба. Сметам дека одработивме одлични подготовки двете недели колку што сме заедно. Според мене било кој противник да ни беше прв меч ќе беше тежок и голем предизвик бидејќи првпат сме на големо натпреварување. Сепак, не се оптеретуваме со претходните натпревари и двата порази од Австрија. Ова е нов меч треба да извлечеме поуки од тие мечеви и да дадеме се од себе да го добиеме тој натпревар. Единствено што ми е криво што нема да бидат полни трибините. Дебитирав во поразот од Австрија во Виена каде имаше 50 илјади публика. Жал ми е што нема да биде полн стадионот, но од друга страна добро е што ќе има одреден број на навивачи. Очекуваме максимална поддршка од нашите навивачи. Знаеме дека ќе бидат во помал број, но знаеме дека тие се најдобри и најгласни. Секој навивач ќе биде добредојден за нас – вели Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот