ФОТО+ВИДЕО | Шокантно откритие за ледените џинови: Нови слики откриваат како навистина изгледаат Нептун и Уран

Фото: Принтскрин/ Твитер/ Phys.org

Нептун е познат како светло сина планета, а Уран како зелена, но новата студија откри дека двата ледени џина всушност се многу послични еден на друг отколку што се мислеше. Вистинските бои на планетите беа потврдени со помош на истражувачи предводени од професорот Патрик Ирвин од Универзитетот во Оксфорд, пишува „Физ.орг“ (Phys.org).

Тој и неговиот тим утврдиле дека двата света се всушност зеленикаво сини, и покрај вообичаеното верување дека Нептун е речиси азурен, а Уран е бледо цијан.

Астрономите одамна знаат дека повеќето фотографии од двете планети не ги покажуваат нивните вистински бои. Грешката била предизвикана од фотографии испратени од вселенски летала како Војаџер 2, кои само прелетувале и ги снимиле во посебни бои.

Сликите со по една боја подоцна биле комбинирани и биле направени композитни фотографии во боја, кои не секогаш ја покажуваат вистинската боја. Ова било особено случај со Нептун, кој изгледал „премногу сино“.

Покрај тоа, првите слики на Војаџер 2 од Нептун имале силен контраст за да ги откријат облаците и ветровите.

– Иако познатите фотографии на Уран направени од Војаџер 2 беа објавени со речиси вистинска боја, оние на Нептун беа подобрени и вештачки станаа уште посини. Иако кај нив беа објавени објаснувања за вистинските бои, луѓето заборавија на тоа. Сега го искористивме нашиот модел и ги претставивме вистинските бои и на Уран и на Нептун – изјави професорот Ирвин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот