Рита Ора - Фото: Инстаграм/ritaora

ФОТО+ВИДЕО | Рита Ора во снегот на високи потпетици: Пејачката е провокативна и во зима на планина

Британската пејачка со албанско потекло, Рита Ора, настапи на отворањето на зимската сезона во Ишгл, Австрија, а нејзините две модни изданија привлекоа големо внимание.

35-годишната пејачка се погрижи да биде во центарот на вниманието со два прилично „провокативни“ аутфити, со оглед на тоа дека настапот се одржа на планина. Едниот беше во стилот на „no pants“ (комбинации без панталони), додека другиот се состоеше од кратки кожни шорцеви и наизглед гол стомак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ischgl, Tirol, Austria (@ischgl_com)

Пред настапот, Рита позираше покрај божиќно дрво во сиво боди со долги ракави и проѕирни црни чорапи без ништо преку нив.

„No pants“ комбинацијата ја надополни со црни чизми до колена со врвки, со високи потпетици со кои се обиде да чекори по снегот. Таа носеше и големи затемнети очила, а преку аутфитот стави долга крзнена јакна додека разиграно позираше на снегот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)

За настапот на сцена, Рита одбра кратки црни шорцеви и смела кратка јакна со преку-димензионирани ракави од вештачко крзно. На ниските температури, таа го покажа стомакот преку кој имаше само проѕирна мрежеста маица.

Изгледот го надополни со уште еден пар црни чизми до колена, проѕирни чорапи, впечатлив накит и препознатливите големи затемнети очила додека настапуваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот