Фото: Инстаграм/Ванеса Хаџенс

ФОТО | Ванеса Хаџенс е повторно бремена: Актерката го очекува своето второ дете со сопругот Кол Такер

Актерката и пејачка Ванеса Хаџенс сподели радосна вест – таа повторно е бремена и го очекува своето второ дете со сопругот, бејзбол играчот Кол Такер. Таа ја објави веста на својот инстаграм-профил, речиси една година по раѓањето на нивното прво дете.

Во објавата беа споделени неколку фотографии на кои парот, облечен во усогласени бели комбинации. На една од фотографиите, двајцата покажуваат кон нејзиниот стомак, а Хаџенс напиша: „Рунда број два!“.

Фото: Инстаграм/Ванеса Хаџенс
Фото: Инстаграм/Ванеса Хаџенс
Фото: Инстаграм/Ванеса Хаџенс

Само една недела пред ова откритие, Хаџес му посвети емотивна објава на својот сопруг по повод неговиот 29. роденден, споделувајќи слатка фотографија со него во смешни очила и духовито расположение.

„Среќен роденден на мојот најдобар пријател, љубовник и животен партнер. Ти си сè за мене“, напиша таа.

Такер ѝ одговори со зборовите: „Ти си најдобрата мама, благодарам“. Интересно е што Такерт го слави роденденот на ист ден кога се роди и нивното прво дете, на 3 јули 2024 година.

Фото: Инстаграм/Ванеса Хаџенс

Иако првата бременост на Хаџенс беше откриена преку медиумите пред таа да ја потврди, таа тогаш изрази жалење што не ѝ беше дозволено самата да ја сподели веста.

„Разочарани сме што нашата приватност беше нарушена и искористена во толку посебен момент“, напиша тогаш на Инстаграм, додавајќи дека „и покрај сè, мама, тато и бебето се среќни и здрави“.

По породувањето, таа се појави на црвениот килим за првпат на оскаровската забава во организација на „Венити фер“ во март 2025 година, во елегантна црна тоалета од „Долче и Габана“, додека Такер носеше црн костум.

Фото: Neilson Barnard / Getty images / Profimedia

Да потсетиме, Ванеса Хаџенс и Кол Такер се поврзаа за првпат во ноември 2020 година, ја објавија свршувачката во февруари 2023, а во декември истата година се венчаа на романтична церемонија во џунглите на Тулум, Мексико.

„Тој е совршен за мене. Навистина сум среќна. Мислам дека е многу важно да се биде благодарен за сè што имаш и магијата сама си доаѓа“, изјави таа во 2021 година.

ФОТО | Ванеса Хаџенс откри дека е бремена: Актерката го покажа трудничкиот стомак на Оскарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот