Фото: Profimedia

ФОТО | Ванеса Хаџенс откри дека е бремена: Актерката го покажа трудничкиот стомак на Оскарите

Американската актерка Ванеса Хаџенс (35) и нејзиниот сопруг, бејзбол играчот Кол Такер (27), ќе станат родители за првпат. Хаџенс присуствуваше на синоќешното доделување на Оскарите и го покажа трудничкиот стомак на црвениот тепих, потврдувајќи ги гласините дека е бремена.

Актерката пристигна во тесен црн фустан на свечената церемонија, со кој го истакна стомакот, а целата комбинација ја искомбинира со дијамантски накит.

Фото: Jennifer Bloc / imago stock&people / Profimedia

Откако објави фотографии од својата моминска вечер, многумина почнаа да шпекулираат дека Хаџенс е бремена. Нејзините обожаватели, воодушевени од идејата дека нивната омилена актерка е бремена, ѝ пишуваа бројни коментари на социјалните медиуми, нешто што не ѝ се допаднало на Хаџенс.

„Јас, буквално, имав конфликт со јавноста. Отидов на моминската вечер и објавив видео. Подолу коментарите гласеа: O, Боже, ти си бремена“, изјавила актерката и додала дека таквите коментари биле груби.

„Се извинувам што не носам корсет секој ден. Јас сум вистинска жена и имам вистинско тело“, изјавила таа.

Фото: Инстаграм/Ванеса Хаџенс

Да потсетиме, Ванеса Хаџенс и Кол Такер се запознаа во 2020 година, преку Зум. Тие посетувале групна медитација среде пандемијата на коронавирусот.

Двојката ја потврди врската по неколку месеци состанување, а набрзо и се верија. Тие се венчаа пред три месеци во Мексико.

Фото: Инстаграм/Ванеса Хаџенс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот