Мајкл Џексон / Фото: Jazz Archiv Hamburg / Hardy Schiffler / akg-images / Profimedia

ФОТО | Валкан чорап на Мајкл Џексон украсен со кристали е продаден за 6.200 евра во Франција

Еден светликав чорап што го носел кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, за време на неговата француска турнеја во 1997 година, продаден е на аукција во градот Ним за 6.200 евра, објавија француските медиуми.

Чорапот, украсен со кристали беше проценет помеѓу 3.000 и 4.000 евра и имал посебна вредност бидејќи Џексон го носел за време на спектакуларниот настап во Ница, на стадионот „Чарлс Ерман“, на 27 јуни 1997 година, за време на изведбата на песните „Beat It“ и „Billie Jean“.

Овој предмет го пронашол тогашниот сценски техничар во близина на соблекувалната по концертот. Тој го чувал чорапот заедно со пропусницата за зад сцената и платниот лист од тоа време, што служело како доказ за автентичност.

Претходниот обид за продажба на овој чорап бил на 21 јули и не успеал поради, како што е наведено, лошото медиумско известување.

Новиот датум на аукцијата предизвикал поголем интерес кај колекционерите, па чорапот бил продаден за повеќе од двојно поголема цена од почетната, која изнесувала 2.500 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот