ФОТО | Уште еден лош фотошоп на Кејт! Принцезата ја уредувала фотографијата со кралицата Елизабета и нејзините правнуци

Фото: Instagram / princeandprincessofwales

Откако монтираната фотографија на Кејт Мидлтон и нејзините деца го обиколи светот, една фотоагенција откри уште една фотошоп-грешка на принцезата и тоа на фотографија од кралицата Елизабета Втора со нејзините правнуци, пишува „Дејли мејл“.

Станува збор за фотографија направена од принцезата Кејт во Балморал, во август 2022 година. Фотографијата беше објавена на инстаграм-профилот на принцот и принцезата од Велс на 21 април, денот кога кралицата требаше да го прослави својот 97-ми роденден.

Фото: Instagram / princeandprincessofwales

Но, фото-агенцијата „Гети имиџис“ сега тврди дека фотографијата е „дигитално обработена“. Тие откриле неколку грешки, вклучително и линија на здолништето на кралицата која не била права. Делови од зелениот кауч на кој седела кралицата исто така биле „отсечени“, а биле пронајдени и неколку црни дамки зад принцот Џорџ и принцот Луис.

„’Гети имиџис’ ја прегледа предметната фотографија и стави белешка од уредникот на неа, наведувајќи дека фотографијата е дигитално подобрена на изворот“, изјавил портпаролот на компанијата.

Сомнежите за оваа фотографија се покренаа и претходно. Минатата година Кристофер Бузи, извршен директор на технолошка компанија, изјави дека фотографијата е фотошопирана.

Покрај кралицата Елизабета, на фотографијата беа децата на принцот Едвард – Луиз и Џејмс, децата на Зара Тиндал – Лена, Миа и Лукас, децата на принцот Вилијам – Џорџ, Луис и Шарлот и децата на Питер Филипс – Исла и Савана.

Да потсетиме, на почетокот на овој месец, палатата Кенсингтон објави фотографија од Кејт и нејзините деца, но не помина долго пред да се појават првите тврдења дека фотографијата е монтирана. Сè се претвори во огромен скандал, а принцезата мораше да се извини. Таа рече дека повремено, како и многу други „аматери“, сака да „експериментира со уредување“ на фотографии.

ФОТО| Спорната фотографија на Кејт Мидлтон со децата не е прво фијаско, една и претходно привлече внимание

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот