ФОТО| Спорната фотографија на Кејт Мидлтон со децата не е прво фијаско, една и претходно привлече внимание

Кејт Мидлтон со децата / Foto: Printskrin Instagram The Prince and Princess of Wales

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се извини за „каква било конфузија“ предизвикана по објавувањето на семејната фотографија на која позира со своите деца на Денот на мајката.

Светските агенции ја повлекоа фотографијата поради сомневање за манипулација, а луѓето забележаа бројни детали на фотографијата кои ги сметаа за спорни, односно фотошопирани, по што Кејт призна дека како фотограф аматер понекогаш сама ги уредува фотографиите.

 


Меѓутоа, ова не е првата фотографија која привлече внимание поради фотошопирање. Нивната семејна празнична честитка од декември 2023 година од фотографот Џош Скинер, исто така, привлече внимание.

На црно-белата фотографија Кејт и Вилијам позираат со своите деца облечени во бели кошули и темни панталони, а обожавателите набрзо ги забележале неправилностите. Меѓу другото, прашале каде е колкот  на Вилијам и другото стапало на Кејт, а некои тврделе дека на фотографијата изгледа како принцот Луис да има шест прсти, додека други напишале дека му недостасува средниот прст, односно дека раката му била свиткана во текот на обработката во фотошоп.

Foto: Printskrin/Instagram

Кејт и Вилијам потоа објавија втора црно-бела фотографија на Инстаграм на која позираат принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, па на сите им посакаа среќен Божиќ, потпишувајќи се како „К и В“ (W and C), сигнализирајќи дека пораката доаѓа од нив лично, токму како што и направи Кејт во своето извинување.

Foto: Printskrin/Instagram

Властите го потврдија датумот: Познато е кога Кејт Мидлтон ќе им се врати на обврските

ФОТО | Кејт Милдтон призна дека сама ја монтирала фотографијата што ја објави вчера и се извини за конфузијата што ја предизвика

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот