Властите го потврдија датумот: Познато е кога Кејт Мидлтон ќе им се врати на обврските

Кејт Мидлтон / Фото:: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ќе присуствува на свеченоста Поздрав на боите на 8 јуни, по повод нејзиното враќање на кралските должности по операцијата на стомакот, објави „Дејли мејл“.

Британското министерство за одбрана потврди дека Кејт Мидлтон ќе биде присутна на Парадата на коњската гарда во Вестминстер.

Да потсетиме, принцезата од Велс имаше операција на абдоменот на 16 јануари и оттогаш не е видена во јавноста.

Од Кенсингтонската палата не сакаа да откриваат многу детали за нејзината здравствена состојба, туку само соопштија дека принцезата ќе им се врати на обврските по Велигден.

Многумина беа загрижени поради тоа што се молчи за нејзината здравствена состојба, иако во јавноста многу се зборува и за здравјето на кралот Чарлс, кој имаше операција на простата две недели откако принцезата имаше интервенција.

Последно Кејт Мидлтон беше фотографирана во близина на замокот Виндзор, во автомобил со кој управувала нејзината мајка Керол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот