ФОТО | Кејт Милдтон призна дека сама ја монтирала фотографијата што ја објави вчера и се извини за конфузијата што ја предизвика

Кејт Мидлтон со децата / Foto: Printskrin Instagram The Prince and Princess of Wales

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон денеска се извини за збунетоста што ја предизвикала со промената на фотографијата на која таа позира со децата, објавена од Кенсингтонската палата претходниот ден, а која ја емитуваа новинските агенции, а потоа ја повлекоа поради забележаните „манипулации“ на фотографијата.

Во објава на социјалните мрежи, Кејт напиша дека „како и многу фотографи аматери, таа повремено експериментира со уредување“.

 

– Како и многу фотографи аматери, повремено експериментирам со монтажата. Сакав да се извинам за збунетоста предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што слават имале среќен Ден на мајката – изјави Кејт Мидлтон.

 


Кенсингтонската палата се соочува со низа критики, но и огромен притисок да ја открие вистината зад повлекувањето на Кејт Мидлтон, откако беше објавена фотографија на Денот на мајката на која таа позира со нејзините три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

Голем дел од јавноста тврди дека новата фотографија на Кејт Мидлтон со децата е монтирана или дека е дело на вештачката интелигенција поради бројните грешки во неа.

Внимателните набљудувачи забележале голем број нелогичности на фотографијата, пред сè, Кејт не го носи својот венчален прстен кој никогаш не го симнува, едната рака ѝ е целосно матна, косата изгледа „заматено“, а патентот на нејзиното палто е погрешно поставен. Исто така, кога фотографијата ќе се зумира, јасно се гледа дека недостасува дел од ракавот на џемперот на принцезата Шарлот, а корисниците на социјалните мрежи тврдат дека постои проблем и со аголот во кој стои здолништето, како и со петицата на десната чизма. Тука не е крајот на грешките, набљудувачите истакнуваат дека еден од прстите на принцот Луис изгледа пократок од другите и дека тој ги вкрстува прстите во чудна поза, а сомнителни се и неговите панталони.

 

Властите го потврдија датумот: Познато е кога Кејт Мидлтон ќе им се врати на обврските

Властите го потврдија датумот: Познато е кога Кејт Мидлтон ќе им се врати на обврските

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот