ФОТО | Трет брак: Јелена Вељача се омажи за поранешниот советник на Колинда Грабар-Китаровиќ
Хрватската актерка, сценаристка и колумнистка Јелена Вељача (40) вчера го изговори судбоносното „да“ на нејзиниот избраник Вито Туршиќ, поранешен советник на поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ,.
Церемонијата се одржала во Ботаничката градина во Загреб.
Тие се венчале пред матичар, а на церемонијата присуствувале членови на нивните семејства и најблиски пријатели. Ќерката на Јелена од претходниот брак, Лена, била задолжена за цвеќето, додека синот на Вито, Давид, ги носел прстените.
Пред самата венчавка, Јелена споделила фотографија со нејзиниот иден сопруг заедно со стиховите од песната на Арсен Дедиќ „Сè те водеше кон мене“.
Фото: Инстаграм/Принтскрин
Невестата блеснала во децентна кратка венчаница потпишана од Александар Меквин, а чевлите од дизајнерот Џими Чу биле подарок од нејзините пријателки. Венчаницата има интересен крој, станува збор за краток фустан од свила и сатен, кој има и пелерина. Цената на венчаницата е 1432 долари.
Целата церемонија била дополнително возвишена од музичката дива Тереза Кесовија, која им испеала неколку песни, меѓу кои и „Последна и прва љубов“.
Јелена пред неколку месеци гордо откри дека почнала заедно да живее со нејзиниот нов партнер, преселувајќи се во стан од 165 квадратни метри во центарот на Загреб.
Да потсетиме, Јелена и Вито се запознаа во текот на гостувањето на Јелена во подкастот на Вито „BizCasting“, а уште тогаш беше јасно дека летаат искри меѓу нив.
Вито наводно бил целосно залуден од шармантната актерка и режисерка, а доволно е да се каже дека таа во Вито пронашла причина да направи нешто што мислела дека повеќе нема да го направи.
.На Јелена ова ѝ е трет брак. Со нејзиниот прв сопруг, актерот Јанко Поповиќ Волариќ беше во брак од 2009 до 2012 година. Потоа, таа се омажи за актерот и колега Дражен Чучек, но бракот се распадна по три години. Заедно ја имаат петгодишната ќерка Лена.
View this post on Instagram
Јелена Вељача стана популарна по ТВ-сериите „Вила Марија“ и „Гордоста на Раткаеви“. Подоцна се повлече од актерството и почна да се занимава со пишување сценарија и продукција на серии.