Чез Боно и Шара Блу Метис/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Трансродовиот син на Шер се ожени со љубовта од тинејџерските години

Чез Боно (57), син на пејачката Шер и покојниот Сони Боно, се венча со својата долгогодишна партнерка Шара Блу Матис. Двојката, која се познава уште од тинејџерските денови, го изговорија судбоносното „да“ на 8 март, на свеченост во стилот на стариот Холивуд, одржана во хотелот „Холивуд Рузвелт“ во Лос Анџелес, објави „Пипл“.

Чез Боно и Шара Блу Метис/Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Сара првпат ја запознав Сара пред повеќе од 40 години, кога бевме само тинејџери. Верувам дека ретко кој младоженец се жени со првата девојка што ја бакнал, и тоа по толку многу години“, изјавил Чез за медиумите.

„Таа ме прави комплетен, затоа што знам дека секогаш ќе ја имам покрај мене како партнерка, најдобра пријателка и љубовта на мојот живот. Што и да ни донесе животот, заедно секогаш ќе бидеме побезбедни и посилни… и конечно сме дома“, додал тој.

Шер со Чез Боно и Шара/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Чез е син на Шер и нејзиниот поранешен сопруг Сони Боно, со кого го основа познатото поп дуо Сони и Шер во 1964 година. Пејачката има и уште еден син, Елајџа, кого го доби во 1976 година во брак со музичарот Грег Алман. И Сони Боно и Грег Алман починаа.

„И двајцата се многу талентирани и уметнички настроени. Тие се возрасни луѓе. И се толку различни“, рекла Шер за своите синови во интервју за „Венити фер“ во 2010 година.

Чез е роден како девојче по име Честити Боно, а подоцна ја поминал транзицијата и го променил полот.

Пораснал во Њујорк, каде што учел во престижното средно училиште „Ла Гвардија“. Во историјата влегол во 2011 година како прв трансродов натпреварувач во популарното шоу „Танцување со ѕвездите“. Истата година, документарниот филм за неговата транзиција, „Да се стане Чез“ (Becoming Chaz), премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал Санденс.

Неговата мајка Шер отсекогаш му била голема поддршка, а своеврмено коментирала и за трансфобните напади насочени кон него.

„Чез е толку среќен, неверојатно среќен и не знам што во што е проблемот на овие луѓе. Тие се исплашени и едноставно не разбираат како да се справат со тоа“, рекла пејачката.

ВИДЕО+ФОТО| „Не беше лесно“: Шер прозборе за промената на полот која ја направи нејзината ќерка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот