Вивиан Вилсон, Ријана / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Трансродовата ќерка на Илон Маск е новото лице на брендот на Ријана

Ријана повторно ги поместува границите на модната индустрија. За нејзината најнова кампања за Денот на вљубените за брендот за долна облека „Савиџ х Фенти“, таа ја ангажираше Вивијан Вилсон, 21-годишната трансродова ќерка на Илон Маск.

Иако таа не е блиска со својот татко, таа е ѕвездата на колекцијата „Love So Savage: A Modern Ode to Aphrodite“, пишува „Пејџ сикс“.

На фотографијата од кампањата, Вилсон (десно на фотографијата) се појавува покрај актерките Лови Симон и Ема Арлета пред импресивни мермерни статуи. Таа носи градник со розов дезен и мини здолниште од чипка, заедно со светло црвени хулахопки, златни обетки и темноцрвен кармин. Други познати личности кои учествуваат во кампањата се ѕвездите од ријалити шоуата Серена Пејџ и Кордел Бекам, како и инфлуенсерите Хејли и Жулс Лебланк.

Ријана, која го лансираше својот бренд во 2018 година, ја објасни визијата за новата колекција: „Денот на вљубените е време за славење на љубовта во сите нејзини форми. Во „Савиџ х Фенти“, сакаме луѓето да ја прифатат љубовта како што сакаат и да се чувствуваат самоуверено во неа.“

За Вивијан, ова е уште еден голем чекор во нејзината брзорастечка кариера во манекенството. Таа се појави и на насловната страница на „Тин Вог“ минатата година, а кратко потоа го направи своето професионално деби за брендот „Вајлдфенг“, додека истата година позираше и за брендот за долна облека „Томбојикс“.

Вивијан дополнително ја зацврсти својата кариера минатиот септември на Неделата на модата во Њујорк, каде што прошета на ревијата „Крисабана“ за пролет 2026 година.

ФОТО | Трансродовата ќерка на Илон Маск тврди дека нема пари и живее со цимери: „Немам желба да бидам супербогата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот